ВМРО-ДПМНЕ: Со парите кои СДСМ ги дава на земјоделците не можат да стигнат ни на бензинска

СДСМ нема еден успешен проект во земјоделието. Зелена нафта нема. Нема 20.000 евра за младите земјоделци. Нема редовна исплата на субвенции. Ова денеска го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Зелената нафта со која се фалеа, заврши со доделување на ваучери од 500 денари на 50 од 100 илјади земјоделци, пари со кои не можат да стават нафта да  отидат до бензинска, а за друго не станува збор. Проектот млад земјоделец е целосно утнат. Ниту еден апликант не е исплатен. Субвенциите доцнат уште од 2017 година. Откуп нема, а кога го има цените се ниски, велат тие.

 

За тоа дали земјоделието е во добра состојба или не, говорат искинатите патики на земјоделците и родот на буништата.

- Доколку блескавме немаше да се сечат родни дрва и да се фрлаат земјоделски производи на буниште. Три години земјоделието оди во погрешен правец. На лошите политики им доаѓа крајот. По 12 април следува обнова на Македонија, велат ВМРо-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега