СДСМ: Средствата од ИПАРД програмата со реализација од 99 проценти

Со мерките на СДСМ средствата од ИПАРД програмата имаат реализација од 99%, нови 13,3 милиони евра за поддршка на земјоделците. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Средствата за национална поддршка во земјоделството и руралниот развој  од ИПАРД програмата за оваа година имаат реализација од 99 %. Ова е историска година во која државата, предводена од СДСМ за прв пат не плаќа пенали за неискористување на овие европски средства. Преку ИПАРД 2 програмата досега се склучени 1.441 договор со вкупна вредност од 32,2 милиони евра. Благодарение на мерките и на политиките на СДСМ за развојот на земјоделството  и искористеноста на средствата од националната програма за поддршка  во земјоделството и руралниот развој има реализација од 100 %.Веќе е објавен јавниот повик со кој на граѓаните, за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи на располагање им се ставени нови 13,3 милиони евра. Со овој повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги  да инвестират во опрема и отварање на преработувачки капацитети, велат СДСМ.

Преку осовременување на постоечките и отварање на нови производствени капацитети ќе се зголеми производството, пласманот на домашните преработки и девизен прилив од извозот на домашните производи.

- Финансиските средства се доделуваат како неповратни поддршка со кофинансирање. Притоа 75% од средствата се обезбедени од ИПАРД 2014-2020 а 25% од Буџетот на државата. СДСМ уште еднаш потврдува дека во фокусот е развојот и унапредувањето на преработувачките капацитети во агро секторот. СДСМ посветено се грижи за земјоделците, преку бројните програми и мерки, како што се: финансиската поддршка за младите фармери од 20 илјади евра, поддршка за жените земјоделки, зелената нафта, навремената и неселективна исплата на субвенциите, решавањето на проблемите со откупот. Истовремено инвестициите во патната инфраструктура, нови водоводи и канализации имаат за цел да обезбедат подобри услови на живот на жителите во руралните краишта. Ги враќаме парите во семејните буџети и обезбедуваме повисок животен стандард за сите граѓани, велат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2019 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега