ВМРО-ДПМНЕ: Во станот на Боки 13 редовно имала сеанси половина влада

Владиниот кабинет во сенка бил стациониран во станот на Боки 13. Од таму се координирала операцијата Рекет. Од таму се бирале жртвите и начинот на кој што блиските соработници на Заев ќе им одземат милиони евра. Ова денеска го велат ВМРО-ДПМНЕ.

- Во станот на Боки 13 редовно имала сеанси половина влада на чело со Зоран Заев. Во станот биле редовни Шекеринска, Филипче, Кирацовски и останати високи владини и партиски функционери. Сите тие го гледале луксузот во кој што живее Боки 13 и милионите со кои се расфрла и знаеле дека тие не се законски и чесно заработени. Затоа Димитров го криел криминалот пријавен од странски дипломати, а Заев не може да се сети и да докаже кога пријавил. Затоа Спасовски комуницирал со рекетарите наместо да ги апси, а Боки 13 бил предупредуван да не контактира со жртвите на рекетот кои се охрабрувале да го пријават криминалот на политичко-медиумско-обвинителскиот октопод. Затоа е јасно дека сите од прв до после де лажат за своите контакти и соработка со Боки 13. „Илинденска бб“ е адресата на која што завршува содржината на фамозната торба „Луј Витон”, која стана олицетворение за криминалот и корупцијата на Зоран Заев и неговата криминална банда, велат тие.

На цела држава и е јасно дека 2 пати амнестираниот криминалец не можеше да се воздржи да не биде дел од уште една мулти-милионска криминална измама. Тоа е начинот на кој што функционира Зоран Заев. Тоа е неговиот модус операнди, закани, уцени, притисоци, рекет, мито, поткуп и корупција.

- Начинот на кој раководеше со општина Струмица е начинот на кој што тој раководи со Владата на Република Македонија. За само 3 години криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев изрекетира повеќе од 20 милиони евра. Како што бараше 1 евро за Вицето, сега бара милиони евра од политичари и бизнисмени. Цела Влада знаела за рекетот. Сведок во процесот информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, а известен бил и Димитров за рекетирањето од страна на партнерите на Заев. Димитров наместо да застане на страна на правдата тој не го пријави случајот во обвинителството и не ги известил надлежните органи. Димитров треба да е свесен дека самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да ја најдат причината за ваквата постапка. Дали станува збор за лукративни побуди или на тој начин си ја обезбедувал блискоста со Заев. Одговорност мора да има, и политичка и кривична за криминалот и корупцијата, тоа ќе се случи само кога правосудниот систем во Македонија ќе се ослободи од стегите на власта. Тогаш ќе одговараат оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставиле во заштита на криминалот, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2019 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега