Утре во 16 часот во Собранието средба Мицкоски - Ахмети, потоа во Влада средба Заев- Мицкоски

Откако вчера стана јасно дека дека владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнале договор за деблокирање на дел од законите од 123. седница, а за в сабота е најавена средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се отвора патот за формирање на техничката Влада.

Како што дознав Канал 5, разговорите за техничката влада започнуваат утре во 16 часот со средба во Собранието меѓу претседателите на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Еден час потоа во Влада премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега