СДСМ: Со реформите невработеноста падна на историски најниски 17.1 отсто, се отворија нови 60.000 работни места

СДСМ за 2.5 години преку реални и развојни реформи ја стабилизираше економијата, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Сите економски показатели се доказ дека реформите на СДСМ се на прав пат.

За само 2.5 години преку водење на успешни и конкретни економски политики се отворија околу 60.000 нови работни места, од кои 40.000 во реалниот сектор.

Отворањето на нови работни места директно влијае на намалување на невработеноста и овозможува подобар животен стандард за граѓаните.

Имаме рекорден пат на невработеноста на 17.1 отсто иако за 2019 година проекцијата беше на 20.1 отсто.

Во исто време расте процентот на вработеност. Во вториот квартал за оваа година процентот на вработеност изнесува 47.1 отсто.

Без ниту едно евро потрошено имаме странски инвестиции во износ од 741 милион денари за само 2.5 години.

Фактите и официјалните податоци се доказ дека економијата е раздвижена, се отвораат нови добро платени работни места и невработеноста постојано се намалува.

Со СДСМ економијата се движи на прав пат“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега