ВМРО ДПМНЕ го подготвува Мицкоски за премиер по изборите на кои очекуваат победа

По одржување на седницата на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев информираше за одлуките.

- Прво Извршниот и Централниот комитет едногласно дадоа доверба на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. Д-р Христијан Мицкоски да ги води разговорите и да ги даде предлозите во однос на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за идни министри, односно заменици или дополнителни министри во техничката влада. Целта на овие луѓе ќе биде да се погрижат за фер, демократски и целосно транспарентни избори кои ќе се одржат на 12 април, вели тој.

Централниот и Извршниот комитет даде целосна едногласна поддршка на Претседателот на партијата Христијан Мицкоски да биде новиот мандатар односно кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа. Централниот и Извршниот комитет на партијата едногласно го усвоија годишниот извештај за работа на Претседателот Мицкоски  и исто така на негов предлог, од Кабинетот на претседателот Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој што е познат на јавноста по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период.

- За крај би сакал да напомена дека Република Македонија се наоѓа во една исклучително тешка состојба. Потребно е да се стават интересите на народот пред партиските и лични интереси. Народот на Македонија очекува надеж. На народот на Македонија им е потребна шанса за подобар живот. Нашата борба е за напредок, принципи, вредности и за Обнова на Македонија. И сосема на крај, дозволете во однос на предлогот на Заев за трампа на кандидат за мандатар за неговиот предлог за изборен модел, треба сега и секогаш да знае дека  оваа пазарџиска политика ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа. Македонија е многу повеќе од тоа што ја замислува Заев. Пратеничкиот имунитет на кој што се надева нема да го амнестира од никаква одговорност. Ова се сериозни теми кои што мораме да ги водиме врз основа на принципи и аргументи, вели Јанушев вечерва.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2019 - 08:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега