Алијанса за Албанците: Проблемот со депониите бара итно решение, а не пролонгирање со празни изјави

Додека дивите депонии што беа избирачки ветувања на владејачките партии, истите продолжуваат да бидат видливи во многу населени места, загрозувајќи го здравјето на жителите, како и загадувајќи го воздухот на високо ниво, што докажува дека оваа влада не се грижи за граѓаните туку за нивниот џеб, велат денеска во соопштение од Алијанса на Албанците.

Во соопштението Алијансата за Албанците велат дека партијата не е против која било мерка што помага при намалување на загадувањето на воздухот, но ние цениме дека во случаи како овие каде што се наоѓа нашата земја, има потреба од приоритетни и итни мерки кои покажуваат побрзи и поефикасни резултати од тие за кои што е потребно подолго време да се постигне резултат.

„Срамно е да се зборува за животна средина слична со земјите од Европската унија, кога има повеќе од 2000 диви депонии во населени места со голем број на жители, кои се изложени на ризик секој ден. Покрај тоа, и тие малку општински депонии што се не ги исполнуваат основните услови за работа.

Потсетуваме дека поранешниот министер Садула Дураку од ДУИ со години ветуваше решение за дивите депонии, но истиот никогаш не ги исполни дадените ветувања. Во меѓувреме, го потсетуваме актуелниот министер за животна средина, Насер Нуредини, дека депониите бараат итно решение, а не пролонгирање со празни изјави.

Граѓаните плаќаат даноци за животната средина, за висината на која дури и самата држава не знае каде завршува. Во врска со ова прашање владата го вети и Фондот за животна средина, за кој сè уште не е преземено ништо конкретно, исто како и за околината во која живееме, а граѓаните продолжуваат да дишат воздух што сериозно им штети на нивното здравје“ велат од Алијанса на Алијанса за Ачлбанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега