Димовски: Мора да се почне со затворски казни за да се освестат работодавците

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободен печат“, рече дека праксата покажува бројни прекршувања на законот за работни односи, особено кога се работи за неисплата на к-15.

 

 

-Мора да почне да се применува законот кој предвидува затвор за да се освестат работодавците и да ја прекинат праксата на неисплаќање регрес за годишен одмор – вели Димовски.

Според првиот човек на Сојузот на синдикати, работниците ретко се охрабруваат да пријават, а најтешко се стигнува до правдата кога рабтниците сакаат да останат анонимни. Димовски ги повика сите работници да се обратат до ССМ доколку работодавецот им го прекрши ова право.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега