Резил: Малку фалело македонските фудбалери да се истепаат меѓу себе на полувремето
На полувремето во соблекувалната на нашиот национален тим се случувала вистинска драма... Викотници, обвинувања, пцовки, па дури и навреди...По ова, Агим Ибраими го соблекол дресот и не сакал да продолжи да игра, дознава Екипа. Побарал замена, по што в.д.селекторот Зоран Стратев во вториот дел во игра го внесе Александар Трајковски.
Оттаму и изјавата на Зоран Стратев на прес - конференцијата по мечот, дека „некои играчи не сакаа ниту да играат, кога резултатот тргна удолу и побараа да излезат надвор од теренот“.
„Сепак, ова е се уште неофицијална информација, иако доаѓа директно од Јагодина, по мечот, пренесена од дел од македонските фудбалски репрезентативци. За се она што се случувало во соблекувалната на полувремето, а и во текот на натпреварот, најверојатно наредниве денови ќе добиеме официјален став и од в.д.селекторот Зоран Стратев, како и од одговорните во ФФМ, пишува Екипа
16.10.2013 - 00:21