Стратев: Голем дел од фудбалерите не се за во репрезентација
ВД селекторот на македонската фудбалска реперезентација Зоран Стратев не го криеше разочарувањето по поразот од Србија. Тој на прес конференцијата по мечот со Србија истакна дека голем дел од фудбалеите не се за во репрезентација.
„Не сум задоволен од залагањето на одредени фудбалери. Навистина не очекував вака лош настап, иако се работеше за последен меч од квалификациите. Србија сосема заслужено победи, затоа што не надигра. Доколку јас би бил селектор, не би повикал голем дел од овие фудбалери во наредниот циклус“, изјави Зоран Стратев на прес - конференцијата по срамотниот пораз од Србија во Јагодина, пренесе Екипа
15.10.2013 - 23:07