Шиповиќ: Ме уапсија на шалтер

На шалтер, додека чекал авион за Скопје, Претседавачот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ бил уапсен на аеродромот во Виена, Австрија. Полицијата, како што веќе објави Press24 вчера распишала меѓународна потерница, откако претходно од неа тоа го побарал Судот.

„Бев на шалтер и сакав да фатам авион за Скопје кога ме уапсија. Ми кажаа дека ќе ме притворат во некој од околните затвори. Дека ќе седам таму два до три дена, а потоа ќе ме однесат во Скопје“ – изјави Шиповиќ за Плусинфо.

Од МВР се уште нема прецизна информација, кога австриските власти ќе и го испорачаат Шиповиќ на Македонија, но информираат дека во најбрз рок ќе почне екстрадиционата постапка. 

15.10.2013 - 10:57

најчитано сега