Легендарниот Фергусон си „доби“ улица во Манчестер

 

Легендарниот менаџер Алекс Фергусон си „доби“ улица во Манчестер. Две и пол децении беше на чело на Манчестер Јунајтед и клубот го доведе до многу титули во Европа.

Фергусон им се заблагодари на сите со кои соработувал.

- Им благодарам на сите со кои имав можност да работам во клубот кој пред 26 години ме повика да седнам на тренерската клупа. Го прифатив тој огромен предизвик, а еве сега се наоѓам тука каде е поставена табла со моето име, изјави Фергусон кој во моментов ги извршува функциите директор и амбасадор на клубот.

Улицата „Сер Алекс Фергусон“ порано се викаше „Вотерс рич“ и се наоѓа пред стадионот на Манчестер Јунајтед, „Олд Трафорд“.

 

15.10.2013 - 09:39

најчитано сега