Надал со поголема предност пред Ѓоковиќ

 

На најновата АТП листа шпанецот Рафаел Надал ја зголеми предноста на 400 бодови пред второ пласираниот Новак Ѓоковиќ.

И покрај тоа што српскиот тенисер го освои турнирот од Мастерс серијата во Шангај, а Надал беше елиминиран во полуфиналето, сепак поради начинот на пресметувањето на бодовите, Шпанецот профитира. Тој лани не играше во Шангај и со пласманот во полуфиналето освои бодови, а Ѓоковиќ го бранеше тронот и не освои ниту еден бод.

 

Во ТОП 10 на АТП листата на третото место се искачи Давид Ферер (Шпанија), а Енди Мареј (Велика Британија)  падна на четвртата позиција.

14.10.2013 - 12:41

најчитано сега