Facebook воведува промена која ќе ви се допадне
Компанијата „Фејсбук“ тестира криптирани аудио и видео повици преку опцијата Secret Conversations во апликацијата месинџер, пренесуваат американски портали специјализирани за технологија.
Наводно, аудио и видео повиците направени преку опцијата за тајни разговори ќе бидат „шифрирани од почеток до крај на сите ваши активни мобилни уреди“.
„Фејсбук“ ги воведе тајните разговори како експериментална функција за месинџер во 2016 година, овозможувајќи им на корисниците да испраќаат „end-to-end“ шифрирани пораки, а се чини дека наскоро треба да биде овозможено криптирање и на аудио и видео повици.
Сепак, со оглед на тоа што оваа функција во моментов е во фаза на тестирање, може да мине извесно време пред навистина да можете да остварите аудио или видео повици на побезбеден начин.
Фејсбук инаку на почетокот од годинава објави дека планира да воведе „end-to-end“ енкрипција на сите свои популарни апликации за размена на пораки, како дел од пристапот за поголема приватност на корисниците.
Ова значи дека комуникацијата меѓу корисниците, без разлика дали се работи за двајца или повеќе, е заштитена со посебни кодови достапни само на уредите од корисниците. Целата комуникација е недостапна за било кој друг, а тоа важи и дури и за компанијата која ја овозможува услугата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа