Спроведена акциска контрола поради честите кражби на патнички и моторни возила

СВР Скопје изведе акциска контрола во регистрирани и нерегистрирани отпади на подрачјето на градот Скопје поради фактот дека изминатите девет месеци е регистрирана зачестена појава на тешки кражби во патнички и товарни моторни возила.

Акцијата пфатила девет откупни центри, за кои постојат оперативни сознанија дека откупуваат акумулатори и старо железо, без кантни белешки, без подтоци за лицата кои ги продаваат, со што откупувачите вршат кривично дело прикривање, предвидено и казниво по Кривичниот законик на РМ. Во изведената акција, беа пронајдени и запленети 24 акумулатори, еден моторцикл и еден гусен оквир од шахта за атмосферска канализација.

- Најголем дел од овие откупни центри, како регистрирани така и  нерегистрирани се наоѓаат на подрачјето на полициските станици Бит Пазар, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода, што не значи дека во останатите општински подрачја нема вакви откупни центри, но сознанијата укажуваат на тоа дека најголемата фреквентност е на наведените подрачја, се вели во соопштението од МВР.

Градот Скопје и понатаму за спречување на овие активности ќе ги следи состојбите околу отпадите на секундарни суровини. 

 

13.10.2013 - 15:30

најчитано сега