Македонска собраниска делегација на Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Од денеска па во наредните два дена, делегација од Собранието на Македонија присуствува на  Есенското заседание на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Црна Гора.

Ќе биде одржана парламентарна конференција на тема „Решавање на транснационалните закани и заштита на човековите права: улогата на ОБСЕ“, седница на Постојаниот комитет на ПС на ОБСЕ и Медитерански форум, на која како македонски претставници ќе се појават  Ана Павловска Данева, Владимир Ѓорчев и  Беким Фазлиу. Предвидено е обраќање на претседателот на Парламентот на Црна Гора и на Парламентарното собрание на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ,  високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства Астрид Торс, координаторот за активностите за решавање на транснационалните закани во секретаријатот на ОБСЕ Алексеј Луженков, претставници на ПС на ОБСЕ и експерти.

Во рамките на заседанието, ќе се одржи и специјална дебата за состојбата во Сирија. 

13.10.2013 - 10:08

најчитано сега