Незивесен утрешниот меч меѓу Вардар и ПСЖ - Французите во Скопје стигнале без опрема
Ракометарите на Пари Сен Жермен пристигнаа во Скопје за утрешниот натпревар од Лигата на шампиони против Вардар, но според порталот Дерби.мк, куферите со опремата не слетале на „Александар Велики".
Оваа вест носи неизвесност околу одигрувањето на утрешниот меч, за кои влезниците се веќе распродадени. Oд ТАВ, кој стопанисува со аеродромот во Скопје, за Дерби.мк појаснуваат дека грешката не се случила во Македонија, туку дека багажот не бил претоварен од првата дестинација.
Доколку се реализира ветеното, авиопревозникот на ПСЖ би требало да го донесе багажот во Скопје утре изутрина, со што ќе се овозможи одигрувањето на овој значаен меч, пишува Дерби.мк. Ракометарите на француската екипа вечерва се сместија во хотелот „Александар Палас", а го одржаа и тренингот. Домаќините очекуваат да нема поместување на предвидените термини, пишува порталот.