Реконструиран регионалниот пат Кавадарци - Мушов гроб

Денеска заврши реконструкцијата на на регионалниот пат Кавадарци - Мушов гроб.

Како што соопштува раководителот на подружницата на „Македонија пат“ во Неготино, Петар Емшов се финишира асфалтирањето на патот во должина од околу 17 километри, а во моментов се обележува и хоризонталната сигнализација.

Вработените во подружницата во моментов се ангажирани околу подготовката за зимски услови на патиштата кои ги одржуваат во општините Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско.

11.10.2013 - 13:09
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега