Мицкоски и Џемил потпишаа Меморандум: 1 милијарда евра инвестиција за енергетска независност на Македонија

 


Премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на Казанџи Холдинг АС, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра кој има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата.

-Испраќаме јасен сигнал дека имаме волја да го обезбедиме својот енергетски суверенитет. Оваа инвестиција ќе има долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата, изјави Мицкоски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.

Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемил, истакна дека ова е резултат на повеќегодишни подготовки и дека проектот ќе биде развиен со висок професионализам, со цел Македонија да стане стратешки енергетски центар на Балканот.

Со реализацијата на проектот се очекува отворање на нови работни места, поддршка за индустријата и намалување на зависноста од увоз на енергенси.

22.07.2025 - 11:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега