Расветлен обидот за убиство во кафеаната „Деспина"

 

Полицијата го разреши обидот за убиство кој годинава се случи во кафеаната Деспина. За настанот кривична пријава си заработија 33-годишниот Ц.Д. 31-годишниот К.Д. 27-годишниот Д.Т. и 27-годишниот Р.В. од Скопје кои и претходно и биле познати на полицијата како сторители на кривични дела.

Годинава насилниците во ноќното кабаре „Деспина“ во раните утрински часови, прво предизвикале тепачка, а потоа Ц.Д. се обидел да го убие 34-годишниот З.К. познат како “Вампир“ кој исто така и е познат на полицијата како сторител на кривични дела. Настанот се случи на 23 јуни годинава во раните утрински часови, кога пријавените маскирани со фантомки влегле во објектот и го нападнале Вампир, со остар предмет му нанеле две убодни рани во пределот на стомакот, а испукале и еден куршум од огнено оружје, но никого не повредиле, по што се дале во бегство.

Засега сторителите се сеуште во бегство.

 

 

11.10.2013 - 12:22
Фото: 
фама

најчитано сега