Утврден идентитетот на загинатите момчиња кај Рампа во Скопје

 

Утврден е идентитетот на петте млади момчиња кои утрово загинаа во страотната сообраќајка кај Рампа во центарот на Скопје.

За жал, во несреќата животот го загубиле  Александар Стаиќ, Борче Стаиќ, Горан Ѓоргиев, Живко Колев и Филип Биркаш, сите на 27 и 28-годишна возраст.

 Познато е дека Александар Стаиќ и Борче Стаиќ се во роднинска врска, а најверојатно се браќа.

Инаку, момчињата загинаа кога утрово во три часот со својот автомобил марка БМВ изгубиле контрола и излетале од патот, при што удриле во подрумот на Пазарната инспекција кај Рампа во Скопје.

11.10.2013 - 11:50

најчитано сега