ВМРО-ДПМНЕ: Владата го уништи здравствениот систем

Владата на СДСМ го уништи здравствениот систем во Република Македонија, велатво реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велад дека СДСМ наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користи за лично богатење.

„Откако СДСМ е на власт во здравството владее хаос и секојдневно сме сведоци на скандали и матни тендери.

Клиниките се распаѓаат, а пациенти умираат од болести кои се третираат со едноставни терапии.

СДСМ парите за подобрување на здравството ги пренасочува до фирми блиски до функционерите од врхушката на власт.

Владата на СДСМ направи здравството да стане привилегија само на богатите, а останатите граѓани да не можат да си ги дозволат ниту основните здравствени услуги.

СДСМ уште еднаш покажа дека воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните туку единствено што мисли е како побрзо некој од функционерите повеќе ќе се збогати.

Со СДСМ здравството стигна на ниво на клиничка смрт.

Граѓаните заслужуваат модерно и ефикасно здравство. Време е СДСМ и Филипче да си заминат“ се вели во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2019 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега