Фатен на дело, млад охриѓанец затекнат додека краде

 


Вчера во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Т.(36) од Охрид.

Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект на истата улица, при што одзел повеќе производи. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.  

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.05.2024 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега