Секси до болка: Ријалити ѕвездата во провокативно издание за магазинот „Плејбој“
Американската ријалити ѕвезда, старлета и деловна жена Кајли Џенер ги воодушевила своите следбеници на Инстаграм со најновите фотографии кои ќе се најдат во новиот број на американскиот магазин „Плејбој“.
Оваа млада убавица ја прифатила понудата од „Плејбој“ да се соблече за нивниот магазин и да го покаже своето тело кое на многу од мажите, но и од жените им се допаѓа.
Се очекува новиот број на магазинот за мажи да ги урне сите рекорди затоа што убавата Кајли Џенер ќе се појави во повеќе од провокативно издание – гола.
Кајли на својот профил на Инстаграм објавила три нови фотографии од снимањето кои за кратко време добиле над милион „лајкови“.
На фотографиите Кајли позира гола и мокра, покриена со тенка проѕирна ткаенина.
Пред неколку денови таа ја објави и првата фотографија на која позира гола со својот партнер Тревис Скот.
Фотографијата добила речиси 14 милиони „лајкови“. „Ова ќе го урне интернетот“ и „Од ова може да се умре“, се само некои од многубројните коментари на најновите фотографии на Кајли Џенер.
View this post on InstagramMe by @travisscott for @plSee the full story on playboy.com. Photography by @sashasamsonova
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа