СДСМ: Груевизмот кој зрачи од Мицкоски го потврдува она што граѓаните го знаат- ВМРО-ДПМНЕ сака да се заташка криминалот

 

Груевизмот кој зрачи од Мицкоски потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ единствено сака да се заташка криминалот на режимот. Ништо друго не е важно за нив, велат во реакција од СДСМ на интервјуто на Христијан Мицкоски на „Алсат“.
 
Од партијата велат дека тие бараат предметите на СЈО дојдат под нивна контрола за да запрат.
 
Тоа е единствената причина зошто не се постигна договор за Законот за ЈО.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата, против ЕУ и НАТО и против граѓаните. Се надеваат дека ќе го попречат напредокот и ќе го загрозат датумот за преговори.
 
Ние тоа нема да го дозволиме. Ние сме за правда. Сега е моментот и  покажуваме што значи борба за правна држава и за правда!
 
Пропаѓаат обидите на Мицкоски да ги минира предметите на Специјалното јавно обвинителство, тие се обезбедени, одговороност ќе има.
 
Затоа Мицкоски е во паника, затоа што знае дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ нема да се спасат од одговорност без разлика колку и тој да се труди да ги спаси“велат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 22:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега