Мицкоски:Ако се толку чисти од власта зошто Заев тогаш се плаши да не биде потрупан со предмети што и го призна на лидерската

Се согласувам јас со вас и немам дилема. Ќе се согласам значи со вас дека, во Рекет само една изјава не ги прави сите криминалци, исто како што со еден исказ не требаше за 27 април да ги судат по 17 години и мислам дека треба да се согласите со мене. Тие лица се наоѓаат таму без ниту еден друг доказ, само поради една изјава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ во емисијата 360.

Мицкоски укажа дека ако се поразговара со адвокатите на луѓето осудени со затворски казни за 27 април со 17, 18 години затвор, јасно ќе кажат дека тие се наоѓаат таму врз еден исказ кој дури и се менуваше.

-Мора да бидеме честити. Ако овде имаме исказ да почекаме да видиме дали ќе биде покренато обвинение, дали врз основа на тоа ќе има судски процес и како ќе заврши истиот. Јас верувам во презумпција на невиноста, но еве јас ви дадов една правна аналогија како на еден исказ има луѓе кои се осудени на по 18 години затвор, рече Мицкоски.

 Мицкоски истакна дека јавен обвинител по предлог на опозицијата мора да има за да може Јавното обвинителство да се тргне од прегратките на Заев и од криминалниот клан и конечно да почне да си ја врши функцијата за која што е овластено, а тоа е гонење на криминалот.

-Зошто се плашат да имаме обвинителство за висока корупција, каде што обвинител ќе биде предложен кредибилен лик професионален лик од опозицијата ако се толку чисти? Зошто во еден момент господинот Заев рече вие сакате да ме потрупате со предмети? Јас ако сум чист верувам во својата честитост и законско работење нема да имам потреба да се плашам од ништо, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега