Мицкоски: Имам сведочења од пратеници дека биле „обработувани“ од Јанева за уставните измени

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју за неделникот „Фокус“ тврди дека има сведочења од пратеници за тоа како специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно ги „обработувала“ за да гласаат за уставните измени.

„Имам сведочења од пратеници коишто практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично бев жртва на нејзина уцена кога Катица Јанева во нејзината канцеларија ме уценуваше да гласам за СЈО за да ми го одмрзне имотот. Тоа е трговија со правото и конечно на крај, сведоци сме на најголемиот скандал во поновата историја на Република Македонија „Рекет“, каде што со очи македонската јавноста можеше да ги види парите во куферот и да ја слушне Катица Јанева дека сè ќе било ОК. Зар вие мислите дека овие, Бојан Јовановски, Катица Јанева и останатите учесници сами можеле ова да го направат? Јас ви гарантирам…, вели Мицкоски во интервју за неделникот Фокус.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега