Пратеничка група на ВМРО: Џафери очајно се обидува да ја спаси Катица, бараме итна седница

Парламентарното мнозинство и Талат Џафери одбија да свикаат итна седница за разрешување на Катица Јанева, на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

- СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да ја спасат Катица Јанева. Изговорот на Талат Џафери и парламентарното мнозинство за несвикување на итна седница за разрешување на осомичената Катица Јанева е очаен, смешен и спротивен на Деловникот на Собранието. Согласно член 67, став 2 од Деловникот на Собранието, седница може да се свика по барање на најмалку 20 пратеници, а согласно член 68, став 2 во итни случаи седницата се закажува во пократок рок од десет дена, а дневен ред со материјали може да се предложи на самата седница. Образложението за не свикување на седницата бидејќи нема материјал не е точно. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со барањето за свикување на итната седница достави и материјал за истата.  Изговорите на СДСМ и Талат Џафери дека нема материјал се само уште еден очаен обид да ја заштитат Катица Јанева и криминалот на оваа власт, велат од пратеничката група.

 

Велат дека веќе на целата јавност и е јасно, СДСМ и Зоран Заев мора да ја заштитат Катица Јанева од разрешување, бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себеси.

- СДСМ и Зоран Заев купуваат време, но не може вечно да ја штитат Катица Јанева, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега