Костадинов: Мицкоски го предлага Владимир Панчевски за шеф на новото обвинителство, човек за кого се води истражна постапка

Мицкоски за нов шеф на новото Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот. – рече Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ и портпарол на партијата во емисијата на Аласат Телевизија, зборувајќи за позицијата на ВМРО ДПМНЕ да заштитува криминал на режимот на Груевски.

Костадинов истакна дека мошне значајно е што предметите од СЈО се обезбедени и по нив ќе постапува надлежна институција. Правда и одговорност за сите, значи тоа .

Јасно порачавме дека правна држава и правда мора да има и  секој кој се огрешил пред законот  мора да одговара .-истакна Костадинов.

Тој додаде дека сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат.

Сепак оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО.- посочи Костадин

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега