СДСМ: Градиме по план, изградба на канализација и нов асфалт на улица „Петричка“ во Маџир Маало

Локалната Власт предводена од СДСМ продолжува со низа активности кои го подобруваат секојдневието на граѓаните, велат преку соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека општина Центар го решава долгогодишниот проблем на нашите сограѓани од Маџир маало.

„Во соработка со Министерството за транспорт и врски, по добиен грант од нивна страна почнуваме со изградба на фекална и атмосферска канализација во должина од 450 метри и реконструкција на водоводната мрежа.

Досега, жителите на оваа стара и позната скопска населба беа приморани да користат септички јами поради неизградената канализациона мрежа.

По завршување на овој зафат, Општина Центар ќе постави нов коловоз во должина од 2700 метри квадратни.

Градиме по план и обезбедуваме безбедни и сигурни коловози.

Градоначалникот и советниците во Општина Центар, како и досега продолжуваат да работат во интерес и за доброто на граѓаните“ велат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега