Манасиева: Мицкоски нема намера да отстапи од одбрана на криминалите и тајкуните на режимот

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат намера да отстапат од одбрана на криминалите и тајкуните на режимот. Ова го вели Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

- Овој скапоцен дворец зад мене очигледно е причината за антидржавното и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски. Поради дворецот зад мене, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се спремни да ги кочат реформите и да ја попречуваат правдата. Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, свесно се обидуваат да ја жртвуваат иднината на државата и граѓаните во ЕУ и НАТО. Но нема да им успее. Државата, граѓаните, незапирливо продолжуваат кон интеграција во ЕУ и НАТО. Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат државата назад во темното минато, вели таа.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени во деструкцијата, осамени во одбрана на криминалот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега