Мицевски: Џафери итно да свика седница - Прв чекор за правна држава е разрешување на Катица

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Ова го вели Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Согласно член 67 став (2) и член 68 став (2) од Деловникот на Собранието, по барање на 20 пратеници господинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева и тоа инсистираме да биде денес, а не како што најави Талат Џафери за два или три дена, туку денес веднаш да биде свикана итна седница, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Kатица Jанева. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот.  Јавноста беше сведок како СДСМ и Талат Џафери ја спасија осомничената Катица Јанева. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената Катица Јанева беше експресно одбиен. Очигледно СДСМ и Зоран Заев не смеат да ја разрешат Катица Јанева, бидејќи тие се поврзани во најголемата рекетарска афера во Република Македонија. СДСМ и Зоран Заев се должни пред јавноста да дадат одговори на следните прашања, вели тој.

- Зошто СДСМ не сакаат да биде разрешена Катица Јанева иако тоа веќе е констатирано од страна на Советот на јавни обвинители и од Комисијата за прашња на изборите и именувањата ? Дали Владата на Зоран Заев е во координација и синхронизација со самата Катица Јанева, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и се дел од планот за спас на Катица Јанева?  Дали со штитењето на Катица Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ? СДСМ и Зоран Заев не може да избегаат од овие прашња колку и да се обидуваат, ниту со тужби ниту со закани. Одговор на овие прашања мора да има. Ги повикуваме пратеници на СДСМ и владеачкото мнозинство да застанат на страна на законот и правдата и да гласаат за разрешување на осомничената Катица Јанева, вели тој.

Апелира и до парламентарното мнозинство и господинот Џафери да престанат со тактизирање и  уште денес да се свика итна седница и осомничената Катица Јанева да биде разрешена од нејзината функција за да може да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.

- Првиот чекор до правна држава е разрешувањето на специјалната обвинителка која вршела рекет Катица Јанева. Доколу не се случи тоа очигледна е намерата на Зоран Заев и владеачкото мнозинство да не дозволат разрешување на Катица Јанева за незаконско, нестручно и носовесно работење согласно предлогот на Советот на јавно обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот. СДСМ и Зоран Заев не може вечно да ја штитат Катица Јанева, додава Мицевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега