СДСМ: Мицкоски призна дека објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет

Одамна е јасно дека сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се ставени во одбрана на криминалите на режимот. Ова го велат денеска од СДСМ.

 - Христијан Мицкоски вчера отиде чекор подалеку. Со својата изјава во која рече дека “можеби имаат материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции", случајно или не, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали за нелегално следење на комуникациите, велат од партијата. 

Додаваат дека станува јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега