ВИДЕО: Велс со 16 годишен член на Ливерпул ќе игра против Македонија

 

Македонија во мечот против Велс за противник ќе има и 16 годиешен член од Ливерпул Хари Вилсон.

Селекторот Крис Колман истакна дека најверојатно ќе му укаже шанса на младиот и талентиран Вилсон, од кого бил импресиониран од неговите настапи за селекцијата за играчи до 17 години, против репрезентациите на Унгарија, Шкотска и Словенија. 

Селекторот на Велс Крис Колман за дуелот со Македонија го повика 16-годишниот член на Ливерпул Хари Вилсон.

Ваквата информација ја пренесе официјалната интернет страница на Фудбалската федерација на Велс, која додаде дека Колман поради големиот број на повредени репрезентативци го повика и искусниот Џејмс Колинс од Вест Хем. 

Дуелот се игра утре во Кардиф со почеток во 20:45 часот.

10.10.2013 - 10:39

најчитано сега