Мицкоски: Ангеловска само ќе ги потпишува желбите на Заев и Анѓушев

Портфолиото и биографијата на новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е показател дека таа ќе става само потписи за да ги исполнува желбите на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот, Кочо Анѓушев. Христијан Мицкоски вели дека нема големи очекувања од неа.

„Навистина не можам да се изначудам на нејзината храброст да биде потписник на желбите кои ќе ги имаат Заев и Анѓушев, а се со цел оваа политичка каста која ја понижи државата да остане подолго на власт. За портфорлиото и биографијата на новата министерка, јас не можам ништо посериозно да истакнам и потенцирам, со што ќе кажам дека очекувам додадена вредност за работењето во Министерството за финансии или пак во буџетот. Сосема спротивно. Доколку до сега не и било јасно, очекувам да и стане набргу јасно тоа каков апологет треба да биде во периодот кој следува, кога ќе треба да стави потпис на оној проект за изградба на Клинички центар од половина милијарда евра, а потоа сето останато што следи, вклучувајќи и издавањето на еврообврзниците. Предизвиците за кои сум убеден дека нема да имаме брилијантни решенија, туку само потпис на штетните политики на Зоран Заев и Кочо Анѓуев ќе бидат секојдневние во Министерството за финансии“, вели Мицкоски.

Нина Ангеловска со 64 гласа „за“, а 18 „против“, беше избрана за Министер за финансии. Taa беше критикувана од страна на критичната јавност поради отсуство на искуство во финансиските институции, додека премиерот Зоран Заев нејзиниот избор кажа дека има огромна доверба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа