Металург без проблеми против Партизан

 

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург вечерва во натпреварот против Партизан стигна до третата победа во СЕХА лигата, а прва на домашен терен и со вкупно 11 бодови се проби на третото место на табелата. Конечниот резултат 26:21 можеше да биде и со повисока разлика, бидејќи „металурзи“ во еден момент имаа и двоцифрена предност.
 
По овој исход на дуелот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Металург е единствената екипа без пораз во регионалното натпреварување.
 
За гостите од Белград ова беше петти пораз.
 
И на овој натпревар тренерот на Металург Лино Червар им даде шанса на помладите играчи, а во комбинираниот состав стандардните играчи беа најчесто во првото полувреме.
 
Најефикасни во македонскиот состав беа беа Павел Атман и Филип Талевски со по 4 голови. Голманите имаа вкупно 20 одбрани (Раде Мијатовиќ 11 и Никола Митревски 9).
 
Кај Партизан Александар Радовановиќ и Мијајло Марсениќ забележаа по четири реализации.
 
На табелата води Вардар со 13 бодови, пред Татран Прешов со 12, Металург има 11, Загреб 9, Војводина 9,...
 
Македонскиот тим утре заминува за Барселона каде в сабота го игра натпреварот од 3.коло од Лигата на шампионите против истоимениот клуб од Каталонија.

09.10.2013 - 22:48

најчитано сега