Душебаев: Доаѓам во Скопје како турист - можно е да останам и како тренер

 

Дуелот меѓу Вардар и ПСЖ во недела во живо ќе го следи Талант Душебаев. Душебаев вели дека во Скопје доаѓа како турист за да го види градот, а воедно и како гостин на неговиот син Алекс Душебаев кој ги брани боите на РК Вардар.

-Моето доаѓање во Скопје е испланирано многу поодамна. Доаѓам како гостин кај мојот син Алекс кој тука игра. Сакам да видам како е во Скопје, да го разгледам градот, да се запознаам со клубот. Сакав да дојдам и на мечот со Барселона, но веќе беше доцна да се подготвувам. Многумина ме прашаа за Вардар, но искрено досега никогаш не сум разговарал со Самсоненко околу оваа можност. Сега ќе бидам подготвен и за тоа, иако искрено немав намера сега да преземам некој тим. Моите планови за годинава беа да патувам со сопругата. Сега сум во Скопје, па сакав да одам во Барселона кај другиот син, па во Аргентина и Чиле, вели Душебаев за „Дневник“.

За шпекулациите дека тој ќе седне на  клупата на „црвено-црните", Душебаев вели дека немал контакт со Самсоненко, но сепак не ја исклучува можноста за вакво нешто.

- Многумина ме прашаа за Вардар, но искрено досега никогаш не сум разговарал со Самсоненко околу оваа можност. Сега ќе бидам подготвен и за тоа, иако искрено немав намера сега да преземам некој тим. Моите планови за годинава беа да патувам со сопругата. Сега сум во Скопје, па сакав да одам во Барселона кај другиот син, па во Аргентина и Чиле. Сакам да запознаам нови места, вели Душебаев за Дневник.

09.10.2013 - 14:38
Фото: 
Дневник

најчитано сега