Продис започна да извезува производи на украинскиот пазар

 

Руско-македонската фармацевтска компанија Продис започна со извозот на своите производи на украинскиот пазар. 

- На потрошувачите во Украина им е достапен целокупниот асортиман на органски и конвенционални „Данкад“ житарки и асортиманот на органски и конвенционални „Максан“ чаеви, велат од Продис. 

Инаку, Продис својот капацитет го отвори минатата година во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик, а во објектот од 5.000 метри квадратни првично се вложени 3,8 милиони евра и вработени 45 лица. 

Во фабриката во која се произведуваат конвенционални и органски производи се предвидени и нови вработувања а до 2015 година вкупната инвестиција треба да достигне до пет милиони евра.

09.10.2013 - 10:24
Фото: 
Кајгана

најчитано сега