Заменик-министерот за образование на форум во Австрија
Македонскиот заменик-министер за образование и наука, Сафет Незири, ќе престојува во дводневна посета на Австрија.
За време на посетата предвидено е заменик-министерот за образование и наука да учествува на регионална конференција за јавни политики за развој на човечките ресурси „Форум на лидери во политиките - Западен Балкан и Турција“ во Салцбург.
- На конференцијата ќе биде отворен дијалог меѓу лидерите на политиките од Западен Балкан и Турција, со цел да се поддржи развојот на јавните политики во согласност со националните, регионалните и европските цели, информира Министерството за образование и наука.
09.10.2013 - 10:18
Фото:
Плусинфо