Антиќ не играше на натпреварот против Шарлот
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ кој завчера го одигра својот прв натпревар во дресот на Атланта, синоќа остана на клупата за резерви на вториот натпревар од претсезоната на неговиот тим.
Во синоќешниот натпревар Атланта победи на гостувањето кај Шарлот со 87:85 (33:27; 20:21; 19:18 и 15:19).
Синоќа Антиќ заедно со уште тројца повредени играчи не доби ниту една минута на теренот.
09.10.2013 - 09:52
Фото:
А1.он