Сарачини во потрага по турски инвеститори
Министерот за економија Ваљон Сарачини заедно со градоначалникот на Општина Чаир е во посета на Турција каде е во потрага по нови инвеститори за Македонија.
Предвидено е македонскиот министер да оствари средба со поголем број турски стопанственици и да ги запознае со можноста за водење бизнис во Македонија.
Во текот на утрешниот ден Сарачини во истанбул ќе се сретне со потенцијалните инвеститори кои изразиле заинтересираност за инвестирање во Македонија.
09.10.2013 - 09:36