ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски да ги каже имињата на фирмите или луѓето кои доставувале бизнис понуди во вид на мито и корупција
Поминува втор ден, а Жерновски сеуште не се охрабри да ги пријави или јавно да ги соопшти фирмите и лицата кои наводно му давале бизнис понуди, што преставува случај на корупција и нудење на мито.
Ова не е било каков случај кој може да се заборави и да се премине преку него.
ВМРО-ДПМНЕ бара уште еднаш Андреј Жерновски да излезе и јавно да ги обелодени случаите на коруптивни понуди кои директно или индиректно пристигале до него. Андреј Жерновски е градоначалник на Општина Центар и секој негов збор би требало да има тежина. Тој не смее да се расфрла со обвинувања, а потоа да бега од одговори. Ние инсистираме Жерновски да ги каже имињата на фирмите или луѓето кои до него или до неговите блиски соработници доставувале бизнис понуди во вид на мито и корупција.
Доколку Жерновски сеуште молчи за случајот со наводните на бизнис зделки кои му ги нуди, како што самиот рече, урбаната мафија, тоа значи дека или ги прикрива или лаже.
Андреј Жерновски мора да ги пријави или јавно да ги објави овие коруптивни понуди бидејќи нивното прикривање и непријавувањето на мито и корупција е истовремено и соучество.
Ова скандалозно тврдење, Андреј Жерновски мора да го расчисти за да покаже дека нема целиот мандат да го помине во празни зборови, обвинувања и обиди да најде алиби за своето незнаење како да работи.
Интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ.