СМС порака ќе чини 1,25 денари

 

Цената на СМС пораката да се намали за 75% предложи Агенцијата за електронски комуникации. Како што пишува Дневник предлогот да се намали големопродажната цена на кусите пораки од сегашните 2 денара за порака на 0,50 денари веќе е на јавна расправа, која ќе трае до крајот на месецот. Во овој период трите мобилни оператори треба да се изјаснат за него. Тоа би значело дека малопродажните цени на пораките, кои сега чинат 5 денари, ќе се намалат на 1,25 денар. Од АЕК сметаат дека од намалувањето на цената на СМС пораките добивка ќе имаат и мобилните оператори, бидејќи значително се намалува бројот на пораки кои претплатниците ги испраќаат меѓусебно, пред се поради разните мобилни апликации кои ги користат паметните телефони, како што се Вибер и Скајп.

08.10.2013 - 23:28

најчитано сега