"Порта Вевчани" пуштена во употреба

 

Синоќа претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на „Порта Вевчани“.

Објектот се издигнува во месноста викана Суво Поле на влезот од селото. Започна да се гради во текот на март годинава, со донација од стопанственикот Ѓоргија Угриноски и неговото семејство, а целта е да се зголеми туристичката понуда на Вевчани.

На празникот Цветници, во близина на манастирот „Свети Спас“ на околу 1.300 метри надморска височина беше поставен и камен-темелник на Вевчанскиот крст којшто ќе се гради со донација од директорот на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор и поранешен пратеник Цветко Грозданов.

најчитано сега