ВМРО-ДПМНЕ: Заев жестоко ја бранеше и штитеше Јанева, затоа и Обвинителството не бара притов за неа

Зоран Заев и СДСМ се заштитници и промотори на криминалот и корупцијата  во Република Македонија. Последната афера со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја практикува власта во државата. Постојат сериозни сомнежи и индиции дека токму Зоран Заев е врвот на овој криминален октопод на рекетарската банда и токму затоа се сите овие негови панични испади и овој  театар кој и го приредуваат на јавноста, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. 

Целата јавност слушна за приказната во која високи функционери на СДСМ заедно со обвинител и Боки 13 вршеле рекет на бизнисмени барајќи им огромни суми на пари. Практично невозможно е сето тоа да не било без знаење и амин од Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Впрочем  Зоран Заев беше човекот кој жестоко ја бранеше и штитеше Катица Јанева, велејќи дека никогаш нема да се откаже од неа.  Затоа и обвинителството ја штити од одговорност Јанева и нема побарано притвор за неа. Доколку власта навистина спроведуваше правда ќе беа уапсени Кики и Фрики и ќе беа соопштени нивните вистински имиња, но тие се штитат единствено затоа што се високи претставници во СДСМ и блиски луѓе на Зоран Заев. Јавноста очекува одговори кои се Кики и Фрки, но и на кој висок функционер му се јавила Јанева пред да и го одземат телефонот и дали е точно дека токму поради тој повик бил заборавен налогот за нејзино приведување. Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец. Вистинските нарачатели и извршители не смее да се спасат и мора да излезат пред лицето на правдата. Со Македонија владее криминална и монструозна гарнитура чии врхушка и функционери вршат рекет, местат тендери, тепаат и се закануваат на граѓани и прават криминал на секој чекор без притоа никој да одговара. Затоа неопходни се оставки и веднаш распишување на предвремени парламентарни избори. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за да се вратат правдата и владеењето на правото во Република Македонија“, стои во реакцијата на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега