СДСМ: Мицкоски е против правдата, напредокот на државата ќе продолжи со или без него

Државата за само 2 години успеа да изгради институции и да создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Со последните случувања се покажува дека независен судски систем и неселективна правда се возможни во нашата земја. Сите се еднакви пред законите. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена. Единствено Христијан Мицкоски е против правдата. Со неуспешно алиби Мицкоски и е во нов обид да се блокира напредокот на земјата. Единствената работа за која се грижи е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со, или без него. СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее“, стои во соопштението на партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.07.2019 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега