Грчева: Нека ги запалат маиците шарените што ги шетаа со талентката со просек 6

Претседателката на политичката партија „Глас за Македонија” и поранешна пратеничка, Солза Грчева на Фејсбук, го искоментира случајот „Рекет“ во кој е вмешана и специјалната јавна обвинителка,  Катица Јанева.

„Ќе ја донесат директно од мешање слатко од смокви и почнува да краде и вработува цела фамилија. Обична, но да не се лажеме, намерно од сите избрана малоумница неписмена. Мислам на Ката. Ајде сега нека ги запалат маиците шарените што ги шетаа со талентката со просек 6. Ах колку сум горда што ја исплескав во Собрание и само јас не ја гласав. Еве им ја сега… ја чекам и другата со црвениот кармин која беше извадена како од кабаре. Доста беше“, вели таа. 

Грчева го искоментира и апсењето на Боки, односно ги потфати новинарите за кои како што вели му се лигавеа на Боки 13. Таа напиша дека Катица случајно си оди баш сега, кога нејзиниот син се вработи во 1ТВ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2019 - 23:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега