Од полноќ бензинот поевтин за 1,5 - дизелот за 2 денари
Од ноќеска на полноќ нова цена на нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика ги одреди малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 да се намалат за 1,50 ден/литар, со што новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 ден/лит.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи и дизелот да поевтини за 2 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 69,50 ден/лит.
Исто така, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден/литар додека малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,278 ден/кг.
Инаку, Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели ја коригира малопродажаната цена на нафтените деривати водејќи се од просечната цена на суровата нафта на светските берзи во тековниот 14 дневен период како и според односнот на курсот на доларот и денарот