Баварски компании заинтересирани да соработуваат со македонските фирми

 

Се повеќе странски компании сакаат да инвестираат во Македонија. Овојпат Баварски компании кои се запознаа со условите за водење бизнис во земјава се воодушевени од напорите кои ги дава македонската Влада за привлекување на странски инвестиции и започнување бизнис.

- Воодушевени сме од Македонија. Ги видовме трговските развојни зони и бевме запознаени со политиката за поттикнување странски директни инвестиции. Македонската Влада навистина се труди да создаде конкретни услови за водење бизнис, рече Улрике Волф од баварското Министерство за економија на денешната прес-конференција.

Според Волф, евидентни се напорите на македонската Влада и во инвестирањето во инфраструктурата каде допрва се најавуваат уште вложувања.

На денешната прес-конференција, министерот Бил Павлески истакна дека германските компании веќе се заинтересирани за инвестирање во Македонија: - Од соработката со нив многу брзо очекуваме конкретни резултати, напомена Павлески.

Инаку, од вчера во посета на Македонија се  претставници на 16 компании од Баварија за кои ова е втора посета во текот на годинава.

 

07.10.2013 - 11:23

најчитано сега