Камен темелник на уште еден погон на „Текнохозе“ во Бунарџик

 

 

Денеска, италијанската компанија „Текнохозе“ ќе постави камен-темелник на вториот објект во Технолошко-индустриската зона Скопје 1 во Бунарџик.

Минатата година, „Текнохозе“ го пушти во употреба првиот објект во Бунарџик, инвестиција вредна пет милиони евра со 50 нови вработувања. Погонот се простира на 3.000 метри квадратни и се произведуваат армирани гумени црева за висок притисок за градежната и за автомобилската индустрија. Производството се пласира на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и во Русија.

Предвидено е со втората инвестија вкупниот број на вработувања да достигне до 200. 

Компанијата „Текнохозе“, која во Република Македонија е регистрирана под името „Витек Македонија“, е членка на италијанската групација „Витило“. Групацијата е во приватна сопственост и вклучува два правни субјекта „Групо Витило СРЛ“ кој се занимава со производство и продажба на хидраулични спојки под висок притисок и „Текнохозе СРЛ“ за производство на армирани гумени црева.

„Витило“ има годишен обрт од 36 милиони евра и поседува шест фабрики во Италија.

07.10.2013 - 10:24

најчитано сега